Menu

+02 5118 588

Скопје

ул.6 бр.54, с.Стајковци, 1040

За нас

Оли Шпед започнува со својата работа во 2005 година и од тогаш навака е во континуиран развој. Од нашата компанија до вашата дестинација нашиот персонал на Оли Шпед се тука да ви помогнат. Благодарение на современиот начин на работа и организација нашите возила ви стојат на располагање за внатрешен и меѓународен транспорт, локална дистрибуција и селидби, како и секаков вид на габарити. Нашиот возен парк постојано се зголемува, моментално располага со 100 возила од кои комбиња, камиони, шлепери, приколки оспособени за секаков вид на транспорт кои годишно поминуваат 10.000.000 км во земјата и во странство. Возилата се комплетни со ЦМР и каско осигурувања, со ГПС кој што овозможува нивно постојано следење и 24 часовна комуникација со истите каде и да се наоѓаат

Бројот на вработени во нашата компанија е во постојан пораст. Денес во компанијата се вработени 130 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и должности.

Објектот на Оли Шпед се простира на 7000 м2, административна зграда, паркинг простор и магацински простор (од 1000 м2). Своето постоење го оправдуваме со остварување на позитивен финансиски резултат, постојан раст и развој и инвестирање со проширување на капацитетите. Растот на компанијата и движењето на профитот се прикажани на следниот графикон

Визија

Фирмата да прерасне во една од водечките компании во Република Македонија,да бидеме синоним за компанија која поставува високи стандарди за транспорт и логистика која има добар тим за работа,и успешна и здрава соработка со клиентите. Истовремено ке работи и е функционира во чекор со времето и промените кои доаѓаат

Мисија

Нашата мисија е унапредување и проширување на компанијата преку постојано обновување и зголемување на возниот парк, едукација на работниот кадар, зацврстување на соработката со постоечките клиенти како и привлекување на други потенцијални клиенти.

Scroll Up