Транспорт и дистрибуција

Нашиот возен парк се состои од 80 товарни возила специјализирани за дистрибуција на роба на територијата на Република Македонија како и надвор од неа. Располагаме со 32 комбиња од кои 15 се ладилници, 37 соло возила од кои 6 се церада и 12 ладилници. Исто така поседуваме и 10 шлепери од кои 1 ладилник, 5 се церада и 4 со платформа за контејнерски траснпорт. Вршиме секаков транспорт од 1 до 10 тона, должина до 7 метри, ширина до 2,4 метри и висина до 2,4 метри. Со нашите лифтови платформи можеме да утовариме палети со тежина до 1 тон. Вршиме услуга со кран-утовар, транспорт и истовар на товарот. Исто така вршиме услуга со виљушкар за подигање на товар до 8 тона. Нашата компанија врши и контејнерски транспорт до 20”, 40”, и 45” фитни контејнери, превоз на смрзната роба и роба за одржување. Сите возила се опремени со рачни палетари. Располагаме со 1300 метри квадратни магацински простор и 700 метри квадратни сервисен простор. Нашите 90 вработени се на ваше располагање да одговорат на секое ваше барање. Нашата услуга е секогаш брза, квалитетна, прецизна и достапна секаде и во секое време. Нашиот возен парк е прилагоден да одговори на секоја работна задача, на сите ваши потребни и во секакви ситуации.